Утре во Струмица панел дискусија за добивање на месечен надоместок за родител на лице со попреченост

 Утре во Струмица панел дискусија за добивање на месечен надоместок за родител на лице со попреченост

Утревечер во Струмица ќе се одржи панел дискусија за изменување и дополнување на законот за социјална заштита и добивање на месечен надоместок за родител на лице со попреченост.

На иницијатива на здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром и други попречености на 18 јуни со почеток во 19 часот во Градската галерија во Струмица ќе се одржи панел дискусија за добивање на статус родител негувател на еден од родителите на лице со попреченост.

На панел дискусијата обраќањa ќе имаат претседателот наЗдружението „Вера“,Анче Туфекчиева, мајка на лице со Даунов синдром, Ѓорги Јанев, Лекар,Специјалист Медицина на трудот, Доктор на науки во областа на Креирање на здравствени политики и менаџмент и Коста Тимов татко на лице со аутизам и претседател на здружението „Говорот на Срцето“.

Share via
Copy link