Полицијата за вчерашниот пожар во Струмица во кој почина старец од задушување

 Полицијата за вчерашниот пожар во Струмица во кој почина старец од задушување

Вчера во 15:30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека настанал пожар во стан на ул.„Ленинова“ во Струмица. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а во станот бил пронајден починат З.А.(76) од Струмица.

Лекар констатирал смрт без траги на насилство, односно дека смртта настанала поради задушување од чадот.

Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица.

Share via
Copy link