Уапсен крадец кој одзел пари од каса на продавница среде Струмица
Потпишан договор за подобрување на комуналните услуги во Југоисточниот регион
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со општините Богданци и Ново Село официјално го потпишаа договорот за реализација на проектот „Подобрување на комуналните услуги во Југоисточниот плански регион преку набавка на возила за општините Богданци и Ново Село“, со вкупна вредност од 8.039.172 денари, од кои основното финансирање е обезбедено од Министерство за локална самоуправа за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони за зголемување на регионалната конкуретност за 2025 година и со сопствено учество на двете општини Богданци и Ново Село.
Во рамки на овој нов регионален проект, ќе се набават специјализирани возила за собирање отпад со цел да се зголеми ефикасноста на комуналните услуги и да се подобри хигиената во населените места. Проектот директно придонесува кон намалување на дивите депонии, зајакнување на капацитетите на јавните комунални претпријатија и подобрување на животната средина и јавното здравје.
Очекувани резултати:- поефикасно и редовно собирање отпад,намалување на неконтролираното фрлање отпад,- зголемена доверба на граѓаните во општинските служби,- намалени трошоци за одржување и замена на дотраени возила,- подигнат квалитет на живеење.
Овој проект претставува важен чекор кон одржливо управување со отпад и чиста животна средина во Југоисточниот плански регион.