Покрената дисциплинска постапка за вработен во ЈПКД Комуналец по пријава за истурање смет на несоодветно место

 Покрената дисциплинска постапка за вработен во ЈПКД Комуналец по пријава за истурање смет на несоодветно место

о дојава од совесни граѓани за несоодветно истурање на смет, Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ покрена дисциплинска постапка против свој вработен поради сериозно непочитување на работните задачи и нарушување на угледот на претпријатието.

Истовремено, екипите на „Комуналец“ веднаш започнаа со активности за целосно чистење на новонастанатата дива депонија каде што отпадот бил непрописно депониран.

Од претпријатието најостро го осудуваат ваквото неодговорно однесување и уверуваат дека секое постапување спротивно на прописите и работните обврски од страна на нивните вработени ќе биде најстрого санкционирано. Оттаму истакнуваат дека имаат нулта толеранција за појави кои директно ѝ штетат на животната средина и на заедницата.

Во оваа прилика, од „Комуналец“ ги охрабруваат граѓаните да продолжат со својата активна улога во заштитата на околината. Тие апелираат секое несоодветно однесување и нелегално депонирање на отпад, без разлика дали е извршено од поединци, компании или нивни вработени, веднаш да се фотографира и да се пријави на телефонскиот број 13 110. Како што велат, навремените пријави им овозможуваат на нив и на комуналните инспекциски служби брзо да постапат и да ги преземат сите неопходни мерки.

Од претпријатието додаваат дека спречувањето на настанувањето на диви депонии останува нивен врвен приоритет и дека ќе ги искористат сите расположливи ресурси за да се изборат против оваа негативна појава.

Share via
Copy link