СДСМ Струмица организира граѓанска трибина за превенција од мозочни удари, гостин претседателот Венко Филипче

Општинската организација на СДСМ во Струмица за утре, 25 септември (четврток), најави одржување на граѓанска трибина на тема „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“.
Настанот ќе се одржи во малата сала на Домот на културата „Антон Панов“ со почеток во 19:00 часот.
Целта на трибината е да се подигне јавната свест за сериозноста на мозочните удари, да се едуцираат граѓаните за навремено препознавање на симптомите и ризичните фактори, како и да се понудат практични совети за превенција на оваа состојба.
Свои стручни излагања пред присутните ќе имаат д-р Миле Гогов и д-р Лазе Манев.
Како што информираат од организаторот, на трибината како посебен гостин ќе присуствува и ќе се обрати претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче. Повикот за присуство е отворен за сите заинтересирани граѓани.