Полициски билтен: пронајдена марихуана, физички напади во Гевгелија и Струмица

 Полициски билтен: пронајдена марихуана, физички напади во Гевгелија и Струмица

На 29.09.2025 во 16:30 часот во село Моноспитово, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода М.Н.(45) од истото село затоа што кај него е пронајдена марихуана. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.09.2025 во 19:30 часот во Полициската станица Гевгелија, С.С.(46) од село Тимјаник, неготинско, пријавил дека околу 17:30 часот во Гевгелија бил физички нападнат од С.М. и Д.М. од Гевгелија.  По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.09.2025 во 23:00 часот во Полициската станица Струмица, А.П.(40) од Струмица пријавил дека околу 21:15 часот во Струмица бил физички нападнат од А.М. од Струмица.  Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Share via
Copy link