Според партиски резултати Петар Јанков е новиот градоначалник на Струмица
Даскаловски: Граѓаните да го дадат гласот за кандидат кој ќе работи чесно и посветено за Струмица
Кандидатот за градоначалник на Општина Струмица од редовите на СДСМ и коалицијата, Марјан Даскаловски, денеска го оствари своето граѓанско право на глас на избирачкото место во ООУ „Сандо Масев“.
По гласањето, Даскаловски изрази очекување дека изборниот ден ќе помине во мирна, фер и демократска атмосфера, без инциденти.
Тој упати апел до сите граѓани на Струмица да излезат на гласање и да ја исполнат својата граѓанска должност.
„Им порачувам на граѓаните да излезат и да го остварат своето право на глас. Се надевам дека ќе го сторат тоа во што поголем број и ќе ја дадат својата доверба на кандидатот за градоначалник и советничката листа за кои веруваат дека чесно и посветено ќе работат за доброто на сите граѓани на Општина Струмица“, изјави Даскаловски.