Полициски билтен:тешко повредени мотоциклист во село Бучим и велосипедист во Гевгелија кој бил под дејство на алкохол

 Полициски билтен:тешко повредени мотоциклист во село Бучим и велосипедист во Гевгелија кој бил под дејство на алкохол

На 05.11.2025 во 15:50 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека во с.Бучим, радовишко, 13-годишен малолетник од с.Почивало, штипско, управувајќи мотоцикл „хамачи“ изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болницата Штип. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.

На 05.11.2025 во 15:40 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на ул.,,Моински Пат” во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ланд ровер“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.П.(62) од Гевгелија и велосипед управуван од Г.Б.(51) од Гевгелија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општата болница Гевгелија.

По извршените проверки констатирано е дека Г.Б. бил под дејство на алкохол, односно дека има 1,94 промили алкохол во крвта. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија. 

Share via
Copy link