Три лица повредени во сообраќајна несреќа на патот Валандово-Удово

 Три лица повредени  во сообраќајна несреќа на патот Валандово-Удово

СВР Стурмица соопшти дека вчера во 16:50 часот во Полициската станица Валандово е пријавено дека на регионален пат помеѓу село Удово и Валандово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(42) од село Старо Балдовци, општина Босилово и мотоцикл „бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Г.Б.(52) од Кавадарци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и неговата сопатничка Е.Б.(50) од Кавадарци, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник во патничкото возило, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Валандово.

Share via
Copy link