Полициски билтен:пронајден кокаин кај двајца струмичани, физички напад во Баница
Полициски билтен:пронајден кокаин кај двајца струмичани, физички напад во Баница

На 30.11.2025 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода Н.П. и В.Т., двајцата од Струмица затоа што кај нив е пронајден кокаин. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 01.12.2025 во 09:00 часот во Полициската станица Струмица, К.Р.(49) од село Баница, струмичко, пријавил дека околу 08:30 часот во село Баница бил физички нападнат од Џ.Р. и Т.Р.. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.