Честитка од градоначалникот Јанков по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост

 Честитка од градоначалникот Јанков по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост

-Трети декември е Меѓународен ден, посветен на лицата со попреченост кој го одбележуваме во знакот на емпатичноста, принципите на еднаквост, недискриминација и инклузија. Наша заедничка должност и мисија е потребите на лицата со различни попречености да ги задоволиме во целост, затоа што тие се дел од заедницата и тоа го заслужуваат. Во заложбите за подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани, лицата со попреченост, секогаш ќе ја добиваат мојата максимална поддршка како градоначалник и поддршката од Општина Струмица!, стои во честитката од градоначалмникот на Струмица, Петар Јанков.

Share via
Copy link