Полициски билтен:возел со 2 промили алкохол, напад на полициски службеници во Полициска станица во Гевгелија

 Полициски билтен:возел со 2 промили алкохол, напад на полициски службеници во Полициска станица во Гевгелија

Денеска (21.12.2025) во 03:55 часот на регионален пат Валандово-Дојран, не место викано „Дојранска раскрсница“ полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Валандово го лишија од слобода А.Т.(46) од село Смолари, струмичко. При сообраќајна контрола било запрено патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал А.Т., а од извршената контрола со дрегер било утврдено дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,06 промили алкохол во крвта. Запознаен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а – „безобѕирно управување со моторно возило”

На 20.12.2025 во 15:12 часот во Гевгелија полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода П.Ч.(49) од Гевгелија. Тој околу 15:00 часот отишол во просториите на Полициската станица Гевгелија каде агресивно се однесувал кон полициски службеници, при што нападнал и еден полициски службеник, а во моментот на лишување од слобода, физички нападнал и друг полициски службеник. П.Ч. е задржан во Полициската станица Гевгелија, над истиот е извршено алкотестирање со дрегер и е утврдено присуство на алкохол во крвта од 1.82 промили. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против П.Ч. ќе биде поднесена кривична пријава. 

Share via
Copy link