Тракторист со трактор и приколка паднал во реката Тркања, веднаш починал
Полициски билтен:агресивно однесување кон полицајци, двајца возеле под „гас“

На 16.01.2026 во 05:45 часот во с. Калугерица, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода М.Е.(37) од истото село. На 16.01.2026 во 05:15 часот тој агресивно се однесувал и фрлал со предмети кон полициските службеници што извршувале службени дејства. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. Против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.
На 16.01.2026 во 17:00 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишија од слобода Т.К. (59) од Валандово. При сообраќајна контрола е сопрен трактор со валандовски ознаки, кој го управувал Т.К. и по преземени мерки е констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,59 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
На 17.01.2026 во 01:23 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода С.С.(29) од село Корешница, општина Демир Капија. При сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „ауди“ со демиркаписки ознаки, кое го управувал С.С. и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,53 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.