Радовишанец и гевгеличанец возеле без важечка дозвола, возилата им се одземени

 Радовишанец и гевгеличанец возеле без важечка дозвола, возилата им се одземени

На 23.02.2026 во 13:25 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Р.Р.(32) од Радовиш. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „тојота“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал Р.Р. и по преземени мерки било констатирано дека тој го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола. Возилото е одземено, запознаен е јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

На 24.02.2026 во 07:35 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.П.(33) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „алфа ромео“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Б.П.. и по преземени мерки било констатирано дека тој го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола. Возилото е одземено, запознаен е јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

Фото: архива

Share via
Copy link