УШТЕ ЕДНА КРИЗА НА ПОВИДОК Електрификацијата ќе запре, ако не се инвестира во рудници за бакар
Нападнат малолетник пред училишна спортска сала, напаѓачите фатени кога користеле марихуана

СВР Струмкица соопшти дека на 25.02.2026 во 21:50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода А.Р.(18) и С.Џ.(22), двајцата од Струмица, а на службен разговор во присуство на родител е повикан 17 – годишен малолетник од Струмица.
Според пријавеното, тројцата околу 18:55 часот пред училишна спортска сала во Струмица физички нападнале малолетник од Струмица, при што му одзеле пари и мобилен телефон. Додека, во момент кога се пронајдени од полициските службеници, биле затекнати како заедно користат марихуана.
А.Р. и С.Џ. се задржани во Полициската станица Струмица и за случајот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.