Полициски билтен:семејно насилство во Гевгелија, пожар во автомобил во Радовиш и физички напад

 Полициски билтен:семејно насилство во Гевгелија, пожар во автомобил во Радовиш и физички напад

Ноќеска (23.03.2026) во 02:15 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода 31-годишен жител на Гевгелија, постапувајќи по претходна пријава дека на 22.03.2026 околу 23:45 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 29-годишна сопруга, и ѝ нанел повреди на телото. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.03.2026 во 13:40 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека на регионален пат во близина на село Ињево, радовишко, настанал пожар во патничко возило „форд“ со радовишки регистарски ознаки, во движење, управувано од М.Ѓ.(20) од село Габревци, општина Конче. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Радовиш, пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид.

На 22.03.2026 во 20:20 часот во Полициската станица Радовиш, Б.А.(25) од Радовиш пријавила дека околу 19:30 часот во нејзиниот двор била физички нападната од О.А.. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link