Гимназијата „Јане Сандански“ го одбележа патрониот празник

 Гимназијата „Јане Сандански“ го одбележа патрониот празник

Денеска се навршуваат 111 години од смртта на големиот македонски водач Јане Сандански – Пиринскиот цар, еден од најголемите поборници на македонската државност и заштитници на македонската национална самобитност.По тој повод учениците и вработените во СОУ „Јане Сандански“ со пригодна програма пред неговата биста во училишниот двор го одбележаа патрониот празник.

Како голем почитувач на историјата и придобивките од големите македонски револуционери, меѓу кои е и Јане Сандански, но и како поддржувач на воспитно – образовниот процес на младите генерации, на празнувањето беше и свежо цвеќе положи и градоначалникот Петар Јанков.

Честитајќи им го празникот, тој му посака на раководството на училиштето да продолжи успешно да ги воспитува и образува младите генерации во духот на знаењето, почитта и вредностите што ги симболизира името на Јане Сандански.

Фото: Општина Струмица

Share via
Copy link