Соопштение на СДСМ Струмица:ВМРО-ДПМНЕ од позиција на власт повторно ги актуелизира рудниците ширум државата

 Соопштение на СДСМ Струмица:ВМРО-ДПМНЕ од позиција на власт повторно ги актуелизира рудниците ширум државата

Интегрален текст од соопштението на СДСМ Струмица

ВМРО-ДПМНЕ од позиција на власт повторно ги актуелизира рудниците ширум државата и уште еднаш јасно покажува на дека е на власт само за профит, никако со и за граѓаните.

Струмичките пратеници од вмро кои го бараа гласот на последните парламентарни избори како ќе ги погледнат своите сограѓани во очи?

Како ќе им објаснат дека повторно ја отвораат темата за рудници кои директно го загрозуваат здравјето и животната средина?

Ништо ново кога зборуваме за вмровското лицемерие.

Истите тие што се чукаа во гради во име на патриотизмот, денес се подготвени да го продадат и последното парче земја за пусти пари. Наместо да го сочуваат највредното што го имаме, нашата природа, тие свесно ја ставаат на коцка.Без јавна расправа, без консултации со граѓаните, сакаат да донесат закон по брза постапка и да се отвори пат за нови рудници, вклучително и Иловица и Штука.

Тоа е директен удар врз Струмица и целиот регион, нешто против кое се боревме 7 години со граѓаните успешно.А тие решиле сето тоа преку вечер да го уништат.Секој ден маските паѓаат.Секој ден станува појасно дека зад лажниот патриотизам стојат само лични интереси.

СДСМ Струмица имала слух за интересот на граѓаните и нема да дозволиме повторно отворање на рудници!Нема да дозволиме уништување на нашата земја!

Ги повикуваме сите пратеници од Струмица и струмичко да изберат страна.Страна на граѓаните или страна на профитот!

Share via
Copy link