Соопштение на КК „Струмица 2001“:спортските клубови да бидат оставени надвор од меѓусебните политички пресметки

Кошаркарскиот клуб Струмица 2001 ја информира јавноста дека со внимание ги следи случувањата поврзани со иницијативата на политички субјекти за доделување на парични средства за спортските клубови на седница на Совет на Општина Струмица.
Во таа насока, сакаме јасно да истакнеме дека се оградуваме од какви било дневно-политички препукувања и активности во кои спортот би бил ставен во политички контекст.
Сметаме дека спортот треба да остане обединувачка сила во општеството и простор во кој сите чинители ќе соработуваат исклучиво во интерес на спортистите, младите и граѓаните. Наш став е дека Општина Струмица сите спортски клубови, институции и политички субјекти треба заеднички да градат долгорочна спортска политика, спортска култура и подобри услови за развој на спортотНа Струмица и се потребни нова инфраструктура , подобри услови за работа и поддршка на спортот, согласно реалните потреби на сите сограѓани и спортски колективи.
Воедно, сакаме да истакнеме дека во изминатиот период сме се увериле во заложбите и подготвеноста на актуелниот Градоначалник, Советот на Општина Струмица и институциите за унапредување и поддршка на спортските клубови во градот.Апелираме до политичките парти, спортските клубови да бидат оставени надвор од меѓусебните политички пресметки, особено имајќи предвид дека вакви практики на наградување не беа карактеристични нити во претходниот период иако пред четири години го имавме истиот успехНашиот фокус останува насочен кон спортот, младите спортисти, успесите на клубовите и афирмација на Струмица како град на спортот.
КК СТРУМИЦА 2001