Општина Струмица организира „Саем на книга 2026“ на плоштадот „Гоце Делчев“
Општина Струмица организира „Саем на книга 2026“ на плоштадот „Гоце Делчев“

Општина Струмица од 26 до 28 мај ќе биде домаќин на културната манифестација „Саем на книга – Струмица 2026“, настан кој ќе се одржи на градскиот плоштад „Гоце Делчев“.
Свеченото отворање на саемот е закажано за вторник (26 мај) со почеток во 12 часот. Како што информираат од локалната самоуправа, настанот е посветен на сите љубители на книгата, пишаниот збор и новите идеи.

Во текот на трите саемски денови, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со понудата на поголем број издавачки куќи. Програмата предвидува претставување на нови изданија, книжевни промоции, како и разновидни културни содржини наменети за сите генерации.
Годинешното издание на саемот се одржува под мотото „Книгата нè поврзува, идеите нè инспирираат“, а од Општина Струмица упатија отворена покана до сите граѓани за заедничко прославување на културата, знаењето и љубовта кон читањето.