Уапсен радовишанец, при претрес пронајдена дрога

 Уапсен радовишанец, при претрес пронајдена дрога

Вчера во 19:00 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Х.А.(28) од Радовиш, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 и „овозможување на употреба на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 216 од Кривичниот законик, соопштија денеска од МВР.

Врз основа на наредба од Основниот суд Радовиш, извршен е претрес во домот и други простории што ги користи лицето во Радовиш, при што била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: илустрација архива

Share via
Copy link