Комуникациската агенција Чептер 4 Македонија прославува 15 години работа во Македонија

Кога една компанија прославува години и години од своето постоење, тоа е нешто повеќе од романтизирана филмска приказна. Тоа е како корен во длабочината кој ги преживеал ветровите на времето. Баш како 15-те години за Чептер 4 Македонија, формула од три петки, од три еволутивни фази во кои ова Друштво за комуникациски менаџмент се трансформираше и го совлада секој бран на промени на македонската и светската комуникациска сцена.
Првата петка се годините кога се гради името, работејќи со клиенти чија кауза содржи тенденција кон општествено добро, кршејќи го на тој начин клишето дека квантитативниот успех е суштинскиот успех наместо свесниот избор со кого и за кого ќе се работи. Втората петка е периодот кога се буди лажната сигурност дека „се’ се знае и се’ се владее”. Токму тука се учи најважната лекција: во професионалните комуникации нема совршен врв, затоа што ако тој се достигне, тогаш она што следува е надолна линија на пад. Третата петка е како модерна лента за трчање, има почеток, но нема крај во новите работи што го снаоѓаат светот на комуникациите – ВИ може да го анализира секој податок во светот, но не може да ја почувствува неизвесноста во една кацеларија пред да се лансира кампања. Зад секоја ефективна стратегија и понатаму стои човекот – оној што знае кога треба да заплаче или да се насмее со клиентот.
Во изминатите 15 години, зборовите на Чептер 4 не се само сенка на мисли, туку искуство, дефинирање на професијата, соработка со медиумите и клиентите, креирање содржини, организација на успешни настани, прилагодување на брзите промени во професијата комуникација со јавност. Како што вели и сопственикот на фирмата, Тодор Стојчевски: „Не стигнавме тука преку ноќ, ниту преку скратен пат. Не броиме години за да се пофалиме со времето што изминало, туку да ја споделиме радоста за се’ што поминавме, затоа што велат дека среќата се множи кога се споделува“. Извршниот директор на Чептер 4, Милан Живковиќ додава, „Да, лесно е да се испрати порака, но да се разбуди емоција и желба за акција кај оној што ја чита треба да постои душа во неа. Тука е нашата супер моќ”.
Тимот на Чептер 4 го слави јубилејот, потсетувајќи се и потврдувајќи ги четирите столбови на кои ќе продолжат да ја градат Агенцијата во иднина: автентични комуникациски содржини и креирање контент кој ги промовира суштината и вредностите на клиентите, соработка со колегите од мрежата од Југоисточна Европа и од светската агенција Burson Global за анализа, креирање и мерење влијание, зголемена продукција на видео и фото содржини за телевизија, за социјални мрежи, професионални фотосесии, видеоматеријали за корпоративни настани, обуки и е-учење на клиентите и успешно справување и управување со кризни комуникации.
Историјата на оваа компанија, како дел од меѓународната мрежа на агенции Чептер 4 Европа, ја одбележуваат неколку вредности: доверба со клиентите и меѓу тимот соработници, професионален пристап, исполнување на преземените обврски, исполнување на дадениот збор, отвореност за учење, признавање, прифаќање и корекција на грешки.
Со почит и благодарност за досегашната успешна соработка и поддршка во исполнување на овој роденденски јубилеј.