Во „Завод и музеј Струмица“ отворена изложба на монети од XIV до XX век

 Во „Завод и музеј Струмица“ отворена изложба на монети од XIV до XX век

Вечерва во Галеријата на НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица“ беше отворена изложбата на монети од XIV до XX век. Изложбата е подготвена врз основа на истоименото издание на Музејот, чиј автор е историчарот и виш кустос Бранко Ѓоргиев.

Изложбата за отворена ја прогласи националниот координатор за култура, Зоран Љутков, а за значењето на изложбата говореше авторот и директор на установата, Бранко Ѓоргиев.

-Монетите се сведоци на историјата — мали метални артефакти што носат во себе приказни за царства, држави, економии и култури. Тие не се само средство за размена, туку и огледало на уметноста, технологијата и идеологијата на еден народ во одредено време. Од антиката до современото доба, секоја монета претставува уникатен документ што зборува за владејачите, симболите и вредностите на своето време. Оваа изложба има за цел да им овозможи на колекционерите, историчарите, нумизматичарите и сите заинтересирани  систематски и детално да се запознаат со разновидноста на монетите кој се овде опфатени.  Пред Вас се изложени над 50 тина монети од просторот на Европскиот и Американскиот континент. Истите се претставени и со фотографии кои методолошки се подредени. Со ова дотичните музејски предмети се ставаат во историски и културолошки контекст. Овие изложени музејски предмети нудат поглед во еден фасцинантен свет. Наша задача на музејските работници е преку прецизни описи, фотографии, технички податоци и историски контекст да дадеме точни податоци за секоја од нив.

Без разлика дали сте страствен колекционер или љубопитен почетник,, оваа изложба ќе Ве води низ минатото и  како материјални сведоштва, претставуваат нераскинлив дел од културното и историското наследство на секој народ. Нивната функција отсекогаш била повеќеслојна – покрај нивната економска улога, тие се и носители на симболика, власт, идеологија и уметнички израз. Преку нив може да се проследат тековите на трговијата, политичките промени, културните влијанија и секојдневниот живот на поранешните цивилизации. Овие монети се дел од нумизматичките збирки од историското одделение што се чуваат во рамките на Завод и музеј Струмица – институција што со децении посветено го истражува, чува и интерпретира културното богатство на Струмичкиот регион и пошироко. Монетите се пронајдени на различни археолошки локалитети некој од нив се откупени од граѓаните, некој се подарени и носат во себе значајни податоци за историскиот континуитет на Струмица и струмичко.

Систематизирани по хронолошки и типолошки критериуми, монетите ни овозможуваат подобро разбирање на нивната вредност – не само како предмети од благороден метал, туку и како сведоци на едно минато, кое и денес говори преку нив. Оваа изложба претставува придонес кон афирмацијата на нумизматиката како научна дисциплина, но и кон подигнување на свеста за значењето на музејските збирки и нивната улога во заштитата и презентацијата на културното наследство.

На крај сакам да се заблагодарам на државна лотарија на Македонија кој имаа разбирање за овој значаен проект и финансиски ја поддржаа оваа изложба, а голема благодарност и до министерстовото за култура и туризам кој овозможија оваа изложба да ја овековечиме во публикацијата каталог на монети од XIV до XX век, рече Ѓоргиев.

Со оваа изложба, покрај презентацијата на вредното нумизматичко наследство, се промовира и изданието на Одделението за историја и историско културно наследство при Музејот – Струмица

Share via
Copy link