Саниран дел од покривот на училишната зграда во село Куклиш

 Саниран дел од покривот на училишната зграда во село Куклиш

Во насока на подобрување на условите за одвивање на воспитно-образовниот процес, деновиве се изврши санација и поправка на дел од покривната конструкција на училишната зграда во село Куклиш, во состав на ООУ „Даме Груев“ – Куклиш, соопштија од Општина Струмица.

-Интервенцијата беше неопходна поради долгогодишната дотраеност и оштетеност на покривот, со што се отстранети постојните ризици и се спречува појава на дополнителни оштетувања на училишниот објект.Со реализираните активности се создаваат побезбедни и посигурни услови за престој на учениците, вработените и сите корисници на училиштето, како и за непречено одвивање на наставата.Грижата за безбедноста и подобрувањето на условите во образовните установи остануваат важен приоритет на Општина Струмица, се наведува во соопштението на локалната самоуправа.

Share via
Copy link