СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД 6 НОЕМВРИ – ДОДЕЛЕНИ ШЕСТОНОЕМВРИСКИТЕ НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА ЗА 2026 ГОДИНА

По повод одбележувањето на 6 Ноември – Денот на ослободувањето на Радовиш, во свечена атмосфера, во салата на СОУ „Коста Сусинов“, се одржа традиционалната Шестоноемвриска академија, на која беа доделени општинските награди и признанија за 2026 година, објави градоначалникот, Љупче Почивалец.
Академијата претставуваше можност за одбележување на 82-годишнината од слободата на Радовиш, но и за искажување благодарност и признание на поединци, здруженија, институции и компании кои со својата долгогодишна работа, професионалност и општествен ангажман придонесуваат за развојот, афирмацијата и промоцијата на градот.

Со одлука на Советот на Општина Радовиш, а по предлог на Комисијата за награди и признанија, Шестоноемвриски признанија за 2026 година добија:Крсте Тарабунов и Душан Коцев – за континуиран придонес во афирмацијата на Радовиш преку културата и ликовната уметност.Ванчо Данаилов – за придонес во музичката уметност, а Благоја Досијановски, здружението „Радовишанки Етно“ – за придонес во фолклорот и културното творештво.Здружението „Изведен Ораовица – Дијаспора“ – за континуирана поддршка на јавните дејности и афирмацијата на Општина Радовиш.Атиџе Билиќ – за долгогодишна успешна дејност и придонес во областа на здравството, а Славчо Тодоров – за придонес во областа на спортот.Признанија за општествена одговорност и афирмација на општината добија компаниите „Металпромет Цветан“ ДООЕЛ, „Интерпласт“ ДООЕЛ и Винарија „Кукутанов“.За долгогодишна успешна угостителска дејност и зачувување на традицијата беше наградена Скара на кило и ќебапчилница „Драган“, додека ООУ „Никола Карев“ – Радовиш доби признание по повод 50 години успешна дејност и придонес во образованието.
Посебно признание – Шестоноемвриска плакета, му беше доделена на проф. д-р Димитар Трајанов, за неговиот исклучителен и траен придонес во развојот и унапредувањето на науката, високото образование, информатичките технологии и вештачката интелигенција, како и за неговите научни и академски достигнувања и афирмацијата на Општина Радовиш на национално и меѓународно ниво.
Признание за спортските херои на БК „Бучим“ РадовишПосебен и емотивен момент на свечената академија беше посветен на одбележувањето на 30-годишнината од освојувањето на светската клупска титула на Боречкиот клуб „Бучим“ Радовиш – еден од најголемите спортски успеси во историјата на градот.По тој повод,
Шестоноемвриски признанија им беа доделени на поранешните членови и заслужни спортски работници кои беа дел од оваа историска генерација:Влатко Соколов, Николчо Калајџиев, Васе Спасов, Тони Анчев, Трајчо Димков, Горан Костадинов, Љубиша Пешко, Чедо Николовски, Трајан Ангелов, Роберт Танев, Златко Димов, Владо Лазаров, Сашо Лазаров, Могамед Ибрагимов, Шабан Трстена, Димчо Ангелов, Кирчо Сусинов и Ванчо Чифлиганец.
Овие признанија се симбол на почит кон генерацијата која со своите успеси го прослави Радовиш и го вброи меѓу препознатливите спортски центри, оставајќи траен белег во македонската и светската боречка историја.
Шестоноемвриската академија уште еднаш потврди дека празникот на градот не е само потсетување на историското минато и извојуваната слобода, туку и можност да им се оддаде почит на луѓето кои со својата работа, талент, знаење и посветеност придонесуваат Радовиш да се развива и да биде препознаен.
Фото: Општина Радовиш