fbpx

Кожна јакна ја затна пумпата до Пречистителната станица во Радовиш

Денес настана застој на препумната станица од колекторот за фекални води од населбата Раклиш кон пречистителната станица. Тоа што беше причина за застојот е кожена јакна која беше вшмукана делумно од пумпата. Ова само зборува за тоа колку сме некултурни и неодговорни кон се она што значи општествено добро.

Пред околу 50 години се почнало со градба на фекалната канализација на територијата на нашата општина имало многу запушувања, некои од нив и намерни, но ваква „инвентивност“ во наоѓање на начини за запушување на фекалниот цевковод од Раклиш до пумпната станица не е забележана на друго место.

Во оваа прилика сакаме да упатиме порака до жителите на населба Раклиш да се однесуваат одговорно и кон инфраструктурата и кон животната средина.
Кожената јакна е во пречистителната станица, не е оштетена и го известуваме сопственикот дека може да отиде и да си ја подигне, а доколку не му е потребна, наместо да ја фрла во канализациониот систем, истата може да ја донира на некој кој нема облека, лично или преку невладините организации кои се грижат за таква категорија на граѓани.

Извор: информација на ЈП „Плаваја“ – Радовиш

Share via
Copy link