„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Општина Василево започна со изградба на детска градинка во с.Ангелци
Општина Василево, со воведување во работа на фирмата изведувач, го официјализираше стартот на изградбата на детската градинка во с. Ангелци. Проектираниот капацитет на градинката е 55 деца, и истата комплетно треба да биде готова за 16 месеци. Градоначалникот на општина Василево во изјавата дадена по тој повод вели:
„Во општина Василево, во населеното место Ангелци започнавме уште еден капитален проект. Овојпат од областа на детската заштита. Се работи за изградба на детска градинка со средства обезбедени преку Министерството за труд и социјална политика и Владата на Република Северна Македонија, со цел зголемување на опфатот на децата во детските градинки. Наша стратешка определба е подобри услови за живот на сите категотии граѓани во сите населени места. Со изградбата на оваа детска градинка ќе им овозможиме на родителите од ова и соседните населени места сигурно катче за згрижување, престој, едукација, воспитување и социјализација на нивните деца од најмала возраст и можност растеретени од грижата за згрижување на своите деца, да се посветат на своите работни обврски, стварајќи подобра иднина за себе и семејствата. Градинката е наменета за згрижување на дечињата од населените места Ангелци, Градашорци, Седларци, Едрениково и населеното место Вељуса кое иако не е под општина Василево е блиску до Ангелци и има одлична патна порзаност. Средствата за изградба на детската градинка и комплетно внатрешно уредување изнесуваат околу 14,5 милиони денари односно 230 000 евра.“
Градоначалникот најави и партерно уредување на просторот околу повеќенаменското игралиште во ова населено место за што општината има обезбедено средства во висина од 4 700 000 од Бирото за регионален развој и од сопствени извори на приходи.
„Со овие активности општина Василево покажува дека продолжува да се движи по единствениот прав пат – патот на развојот и стварањето подобри услови за своите граѓани“ нагласи градоначалникот Јанев.