„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Пожарот над Едрениково е ставен под контрола
По скоро петчасовна борба со големиот пожар, кој избувна попладнево над селото Едрениково, пожарникарите успееја да го стават под контрола, информира командирот на ТППЕ -Струмица, Александар Гудев.
Шест против пожарни возила и 25 пожарникари учествуваа во гаснењето на пожарот, кој избувна околу 18 часот и е зафатена голема површина над селото Едрениково. Успеавме да го ставиме под контрола и засега има оодделени пожари на повеќе места и еден кон селото Владевци, рече Гудев.
Од пожарот е зафатена сува трева и нискостеблеста шума.
Фото: дрнка.мк