„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Пандев со Џенова и наредната сезона останува во Серија А
Со победата против Верона на домашен терен од 3:0, Џенова и капитенот на нашата репрезентација, Горан Пандев, изборија опстанок во италијaнската Серија A и во наредната сезона.
Директниот конкурент за преселба во втората лига на Џенова-Лече доживеа пораз на домашен терен од 3:4 од Парма со тоа беше решени сите дилеми околу тоа каде и во која серија ќе игра „Гранде Пандев“.
Засега е извесно дека Пандев останува уште една сезона во Џенова, но досега желбата на нашиот капитен да ги брани боите на „црвено-сините“ се уште не е официјализирана.