fbpx

Грција воведе дополнителни рестрикции, нема влегување влегување на Eвзони од 23 до 7 часот

 Грција воведе дополнителни рестрикции, нема влегување влегување на Eвзони од 23 до 7 часот

Од вечерва Грција воведува дополнителни ограничувања на копнените граници со соседните земји, соопшти вчера владиниот портпарол, Стелиос Пецас, кој нагласи дека границите и онака се отворени само за грчките државјани и оние кои имаат дозвола за престој, но дури ни тие нема да смеат да минуваат во ноќните часови.  

– Соопштувме дека забраната за поминување од 23 часот до 7 часот наутро, од вечер се проширува на копнените гранични премини што се отворени за конкретни категории граѓани, освен Промахонас. Конкретната мерка е веќе во сила на граничниот премин Какавиас со Албанија, а од вечер ќе важи и за Евзони со Северна Македонија, Кристалопиги со Албанија, Нимфеа со Бугарија и Кипи со Турција, изјави Пецас.

Share via
Copy link