fbpx

Струмичанка добитничка на награда од 20.000 денари преку „МојДДВ“

 Струмичанка добитничка на награда од 20.000 денари преку „МојДДВ“

Струмичанка е еден од 15-те најсреќни добитници на месечните награди од по 20 илјади денари преку наградната игра МојДДВ – МојаНаграда, која ја доби на јавно телевизиско извлекување.

Станува збор за Катерина Данчева од Струмица, а награди добија и граѓани од Скопје,  Велес, Кавадарци,  Куманово, Битола, Крива Паланка и Прилеп.

Во останатите кола до крајот на годината, месечните награди ќе изнесуваат 20.000 денари и секој месец ќе се доделуваат по 15 награди.

Извлекувањето на втората главна премија, ќе се одржи во декември, а истата ќе изнесува 1.000.000 денари.

Share via
Copy link