fbpx

Маркоски и Трапановски нови засилувања на Академија Пандев

 Маркоски и Трапановски нови засилувања на Академија Пандев

ФК Академија Пандев денеска на официјалната фејсбук страница објави дека Кире Маркоски и Кристијан Трапановски се нови засилувања за прволигашката битка.

Двајцата крилни напаѓачи доаѓаат како големи засилувања и за прв пат позираа во домашниот и гостинскиот дрес за новата сезона.

Кире Маркоски е сениорски репрезентативец на Македонија и доаѓа од екипата на Карвина (Чешка). Освен за тимот на Карвина, 25-годишниот крилен фудбалер во својата кариера има настапувано и за екипите на АЕЛ Лимасол, Спартак Трнава, Работнички и Македонија ЃП.

Кристијан Трапановски е младински репрезентативец на Македонија и е повратник во тимот на Академија Пандев. Во својата кариера уште има настапувано и за тимовите на Татран Прешов, Викторија Жишков и Подбрезова.

Пандевци првиот натпревар од новата сезона го играат во недела против екипата на Пелистер во Битола.

Нови засилувања, нови дресови, нови победи! Академија Пандев се засилува со Кире Маркоски и Кристијан Трапановски….

Gepostet von ФК Академија Пандев am Freitag, 7. August 2020
Share via
Copy link