fbpx

Славе Наков и Филип Николовски остануваат со шампионот

 Славе Наков и Филип Николовски остануваат со шампионот

Одбојкарскиот клуб ЏИО Струмица ги продолжи договорите на македонските репрезентативци Славе Наков и Филип Николовски за уште една сезона.

-За нив нема поголем предизвик од европската сезона која што претстои на нашиот тим каде што веруваме ќе се претставиме во одлично светло. Тие со нивното искуство од последното репрезентативно натпреварување на Европското првенство во Словенија значително ќе помогнат во остварување на нашите амбиции, објавија од Џио Струмица.

Share via
Copy link