„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Кривична за жител на Миравци за одгледување марихуана
Секторот за внатрешни работи Струмица – Одделение за внатрешни работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против С.К.(24) од Миравци, гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Имено, во текот на јуни и јули 2020 година, во атарот на село Миравци, на место викано „Лаго“ на три локации на растојание од околу 50-60 метри полициски службеници откриле насади со стебла од растението Cannabis Sativa, а при увидoт било утврдено дека на три локации има 60 (шеесет) стебла од растението Cannabis Sativa. Од страна на полициски службеници од Надворешната камцеларија за криминалистички работи Гевгелија преземени се мерки и активности со цел расчистување на случајот. Пријавениот С.К. на 08.09.2020 во 18.10 часот, на местото викано „Лаго“, атар на с. Миравци, на лице место бил затекнат од полициски службеници како неовластено одгледува од растението Cannabis Sativa. По извршен претрес во негова торба биле пронајдени свежо набрани цветни завршетоци во завршна фаза на вегетација набрани од 3(три) корени од растението Cannabis Sativa. Од извршениот претрес на теренот биле пронајдени и откорнати уште 5 (пет) стебла од растението Cannabis Sativa. По наредба на јавен обвинител истиот ден бил извршен претрес во домот и помошните простории на пријавениот.
Пронајдените предмети со Потврда биле одземени, а по добиениот извештај од вештачењето пријавениот бил лишен од слобода и предаден во Полициската станица Гевгелија за задржување. Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
Извор: Соопштение на СВР Струмица