„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Шкендија триумфираше против Академија пандев, Пелистер победи кај Беласица
Шкендија оствари триумф на домашен терен против екипата на Академија Пандев со 2:1, и на најдобар можен начин влегува во големиот предизвик кој им следува, мечот во квалификациите за Лига Европа против Тотенхем.
Творци на победата за Шкендија беше Ибраими кој беше двоен стрелец, во 38 и 74 минута, додека почесен гол за гостите од Струмица постигна Сашко Пандев во 79. минута за конечни 2:1.
Со овој триумф Шкендија се зацврсти на 1. позиција, со 14 бодови по 6 кола, веднаш зад нив се и Шкупи со бод помалку (13), кои денеска триумфираа против Ренова со 2:1.
Од преостанатите натпревари во ПМФЛ , Силекс загуби од Борец на домашен терен со 1:2, за гостите од Велес стрелци беа Стоименовски и Ѓорѓиев, додека за поразената страна Гроздановски.
Пелистер го впиша вториот триумф сезонава, остварен на гостински терен кај Беласица со 0:2. Стрелци на головите беа Нето во 14. и Фазлиу во 60. минута.