fbpx

Двајца потешко повредени во сообраќајка на крстосницата за Василево

Вчера во 00.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат А-4 Струмица-Радовиш, поточно на крстосница за село Василево, се случила сообракајна незгода помегу патничко возило „ауди“ со струмички регистерски ознаки, управувано од Ј.В. (18) од село Василево, патнилко возило „бмв“ со англиски регистерски ознаки, управувано од Ѓ.Д. (25) од село Ангелци и паркирана полуприколка „шмитз“ без регистерски ознаки.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во патничкото возило „ауди“ Д.Ѓ. (20) и Г.Д. (19) и двајцата од село Василево, струмичко, кои биле пренесени во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.

Извор: соопштение на СВР Струмица

Share via
Copy link