fbpx

Државата ќе го врати целиот ДДВ за викендот без ДДВ кој е планиран од 10 до 12 октомври

 Државата ќе го врати целиот ДДВ за викендот без ДДВ кој е планиран од 10 до 12 октомври

Премиерот Заев на денешната прес конференција ја промовираше мерката „Викенд без ДДВ“ која е планирана за празничниот викенд од 10 до 12 октомври и треба да опфати повеќе од 350.000 граѓани, корисници на апликацијата „МојДДВ“.

За време на продолжениот викенд на 10-11-12 октомври граѓаните ќе можат да купат домашни производи и услуги или компјутери и друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари, во рок од неколку дена ќе го добијат назад на своите сметки целиот ДДВ.

Со ова мерка се проектира да се направи промет од 170 милиони евра, пари кои ќе бидат инекција за стопанството, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра, од повратот на ДДВ.

Share via
Copy link