„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Струмица повторно со двоцифрен број заболени од Ковид-19
Денес во Струмица се регистрирани 10 новозаболени од коронавирусот. Во Гевгелија има 3, Радовиш-4 и Валандово-1. Оздравени се три лица од Струмица, и по две од Гевгелија и Валандово.
Во последните 24 часа се направени 1350 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 75 -Куманово 14 -Дебар 1 -Штип 5 -Прилеп 5 -Тетово 13 -Струга 1 -Велес 2 -Битола 5 -Охрид 2 -Кавадарци 2 –Гевгелија 3 -Струмица 10 -Крива Паланка 3 –Радовиш 4 -Кочани 12 -Пробиштип 1 –Валандово 1 -Виница 2 -Свети Николе 1.
Починати се 4 лица, тројца пациенти од Скопје (55, 80 и 81г) и еден од Штип (81г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти од:
-Скопје 24-Куманово 10 -Штип 4 -Прилеп 11 -Тетово 10 -Струга 9 -Велес 1 -Битола 1 -Охрид 9 -Кавадарци 2 -Гостивар 3 -Гевгелија 2 -Струмица 3 -Крива Паланка 1 -Кочани 13 -Берово 2 –Валандово 2 -Свети Николе 2.
Досега во земјата се направени вкупно 190.127 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18138, бројката на оздравени пациенти е 15068, на починати е 743, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2327.