„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Честитка од градоначалникот Јаневски по повод Светскиот ден на детето
Денешниов ден – 20 Ноември е Ваш ден, ден кој низ сите светски меридијани се слави и одбележува како Светски ден на детето.
Генералното собрание на Обединетите нации во 1954 година го прогласи 20. Ноември како Светски ден на детето, кој има за цел да обезбеди благосостојба на децата ширум целиот свет и да ги потсети возрасните дека децата како рамноправни членови на секое општество имаат свои права, кои треба да се почитуваат. На денешен ден, пет години подоцна, истото собрание ја усвои Декларацијата за правата на детето, а пред 31 година ја усвои и Конвенцијата за правата на детето, која нашава земја ја ратификуваше во 1993 год.
Треба да знаете дека целта на одбележувањето на овој ден е да се сврти вниманието на јавноста на сите обврски што сите ние ги имаме кон Вас. Вие сте наша гордост, наша надеж и наша иднина, и токму затоа ве уверувам дека нашето општество и заедница секогаш се и ќе бидат доследни почитувачи на вашите права, но и потреби.
Општина Струмица и јас како градоначалник сме на Ваша страна, и такви ќе останеме и во иднина. Бидете здрави, живи, весели и безгрижни.
Нека ви е честит Светскиот ден на детето.