„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Гори депонијата кај Ново Село
ЈПКД „Комуна“, во соработка со против пожарните единици на Ново Село и Струмица,, прават напори да го изгаснат пожарот кој гори на депонијата „Солена Река“ Ново Село, меѓутоа поради недостапноста и локацијата, односно подземен пожар, тој продолжува да гори но нема опасност да се шири надвор, информираа денес од Општина Ново Село.
-Тие и понатаму ќе продолжат да прават напори и да се справат со пожарот.Упатуваме апел до граѓаните да бидат совесни и да не го палат ѓубрето на депонијата кои води до опасност и загадување на воздухот кој сите го дишеме, стои во информацијата од Општината.