Општинскиот инспектор за животна средина изрече казна за согорување отпад од 18.000 евра
Пожар проголта помошни простории во Хамзали

Денес во 08:04 часот во Хамзали, ТППЕ Струмица со 3 против пожарни возила и 8 пожарникари интервенираше на гаснење на запален објект, кој бил користен како помошни простории, информираа струмичките пожарникари.
Пожарот избувнал во објект кој се наоѓа во кругот на АД „Оранжерии Хамзали“, во близина на истоименото село.
Пожарот е целосно изгаснат во 10:15 часот.