Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Приведен струмичанец кој возел со фалсификувана дозвола
Вчера околу 21:00 часот на крстосницата од булевар „Гоце Делчев” со булевар„Маршал Тито” во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.Д.(46) од Струмица, затоа што при контрола на неговото патничко возило „фолксваген пасат“ на увид приложил германска возачка дозвола, за која постои сомнение дека е фалсификат.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.