„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Се подобрува енергетската ефикасност во основни училишта во Струмица
Се подобрува енергетската ефикасност во основното училишта „Сандо Масев“ во Струмица и подрачните училишта во Раборци и Костурино, во коишто неделава започнаа активностите за замена на старите прозорци и врати со нови, информираат од Општина Струмица.
Со новите прозорци побрзо и полесно ќе се затоплува просторот и значително ќе се намалат губитоците на топлина, а со тоа ќе се намали и потрошувачката на енергија.
Замената се врши со грант во износ од 950.000 денари, а добиен по јавен повик од Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година – енергетска ефикасност, аплициран преку Одделението за заштита на животната средина во Општина Струмица, стои во информацијата од Општината.