„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Александар Васоски нов кормилар на „пандевци“
Александар Васоски од денеска е нов тренер на Академија Пандев. Денеска новиот шеф на стручниот штаб се запозна со условите кои клубот ги нуди и беа финализирани наредните чекори кои ќе се преземат за клубот да се подигне на уште повисоко ниво.
Заедно со Васоски, доаѓаат и Раденко Бојовиќ како прв асистент и Тони Богдановски како кондиционен тренер. Веќе се знае и програмата за зимските подготвки. Прозивката е на 8 јануари во Струмица, каде ќе се одработи и првиот дел од подготвките.
На 20-ти јануари се заминува на двонеделни припреми во Анталија – Турција, каде се планирани и неколку пријателски натпревари.
-Огромна чест и задоволство ни е што едно од нашите најголеми фудбалски имиња, а воедно и еден од најдобрите македонски тренери ја прифати нашата понуда и се пронајде во визијата која клубот ја негува, а тоа е создавање на млади фудбалери кои подоцна ќе настапуваат во екипи од врвните европски лиги, напишаа од клубот.