„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Одржано редовно годишно собрание на Општинската организација на Црвен крст
Вечерва Собранието на Општинската организација на Црвен крст Струмица одржа редовно годишно собрание, 24 по ред.
Откако беше констатирано дека Собранието може да работи и полнопоправно да одлучува, претседателот д-р Васил Тунев истото го отвори и се работеше по предложениот дневен ред.
Делегатите ја донесоа програмата за работа во 2021 година и финансискиот план за наредната година, а беше усвоен и извештајот за работа на организацијата за 2019 година.
На седницата заради престанок на мандатот беше верификуван изборот на тројца нови делегати во највисокиот орган на раководење на Општинската организација на Црвен крст Струмица