fbpx

Полицајци пукале во воздух за да се одбранат при приведување на притвореник

 Полицајци пукале во воздух за да се одбранат при приведување на притвореник

Вчета на полноќ на улицата „Бетовенова“ од полициски службеници од СВР Струмица бил лишен од слобода Ш.М.(32) од Струмица за повеќе сторени кривични дела и одредена мерка притвор, соопштија денес од МВР.

При преземање на мерките за негово приведување, повеќе лица ги нападнале полициските службеници со тврди предмети, при што од страна на полициските службеници биле испукани неколку предупредувачки куршуми во воздух.

За лицата ќе бидат преземени соодветни мерки.

Ш.М. бил спроведен до Затвор Скопје за издржување на казната.   

Share via
Copy link