Владата донесе одлука за враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност од пред 25 април
Честитка од градоначалникот Јаневски по повод Водици
Почитувани граѓани од христијанска вероисповед,
Поради пандемијата од Ковид – 19, за првпат го дочекуваме големиот празник Водици без традиционалното фрлање на крстот во осветени води во градот и населените места. Но и без тоа, срцата и душите нека ви бидат исполнети, бидејќи празникот е голем и вреден за празнување, затоа што во него треба да го спознаете крштевањето како духовно раѓање, но и почеток на човековото живеење во верата.
Среќно и весело нека ви биде славењето на Денот кога Исус Христос бил крстен во реката Јордан од Св. Јован Крстител, затоа што крштевањето е една од светите тајни на христијанството. Нека Ви е за многу години празнувањето, со желба за здравје, живот, среќа, спокој и благосостојба.
Честито и вековито Богојавление!