„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Владата препорачува државните и локалните институции да донираат за обнова и реконструкција на ГТЦ „Глобал“ во Струмица
На денешната седница, Владата на Северна Македонија ја разгледа и усвои информацијата во врска со доставениот Повик за донација од Здружението на граѓани ОБНОВА НА ГЛОБАЛ – Струмица и донесе заклучок да им препорача на органите на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, на единиците на локалната самоуправа во Северна Македонија, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како на приватниот сектор имајќи ги предвид хуманизмот и солидарноста како темелни вредности на уставниот поредок, во рамките на своите финансиски можности да донираат средства на Здружението на граѓани ОБНОВА НА ГЛОБАЛ – Струмица со цел обновување и реконструкција на опожарениот објект на ГТЦ Глобал – Струмица.