„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Почна поставувањето вештачка трева на новото фудбалско игралиште во Струмица
Се интензивира изградбата и на уште еден градежен зафат во областа на спортот. Завршија сите подготовки и на новото фудбалско игралиште започна поставувањето на вештачката трева, информираа од Општина Струмица.
Овој спортски терен се гради со трипартитен договор меѓу „Академија Пандев“, Фудбалската Федерација на Македонија, која ги обезбеди средствата и Општина Струмица, којашто ги обезбеди локацијата, проектот и одобрението за градба.
Фудбалското игралиште со вештачка трева ќе го користат сите фудбалски клубови.