fbpx

Кај Прдејци откриени двајца скопјани кои нелегално пренесувале мигранти

Синоќа во во 01:00  часот, во близина на клучката кај село Прдејци, на место викано „Борови“, полициски службеници запреле патничко возило „сеат  кордоба“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(25) од Скопје, а совозач бил А.И.(33) од Скопје.

При преглед во возилото биле пронајдени шест лица мигранти и тоа С.М.(16), M.A.(16), A.Х.(16), Р.М.(15), Х.И.(14), сите од Сомалија и A.K.A.(17) од Сирија.

С.С. и А.И. биле лишени од слобода и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Mигрантите ќе бидат предадени во Транзитниот центар Гевгелија за понатамошна постапка.  

Share via
Copy link